Скопје

Печат на вратата на кафулето во Бисер, по средношколската журка

Пазарната инспекција го затвори кафулето кое организираше првосептемвриска забава со средношколци во трговскиот центар „Бисер“ во Аеродром. За забавата се појавија снимки на социјалните мрежи на втори септември.

Локалот во Аеродром во кој се организираше првосептемвриска журка без маски и дистанца, освен тоа што има забрана за работа од еден месец, добил и прекршочна пријава и од судот зависи колкава парична казна ќе му биде одредена.

На почеток