Свет

Трамп одби да се сретне со канадскиот премиер во Њујорк

„Да бидам искрен, ние воопшто не сме во добри односи со нивните преговарачи”, изјави Трамп на прес-конференцијата во Њујорк.

Тој рече дека одбил да се сретне со Трудо бидејќи не му се допаѓаат канадските тарифи за млечни производи.

Американскиот претседател не ја отфрли можноста за договор, но тој јасно стави до знаење дека не се грижи за компромисот.

“Не ми се допаѓа нивниот претставник”, рече тој, без да наведе за кого станува збор.

Според Би-би-си можно е да мисли на канадската министерка за надворешни работи, Кристија Фриланд, која преговара за нов трговски договор со САД и која претходно кажа дека Канада нема да попушти во трговските преговори со Вашингтон.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток