Македонија

Димитриевска за „Млечен“: Обвинителката ми го доуништи животот

Сопругата на Гоце Димитриевски, кој загина во сообраќајката кај „Млечен“ за која судот неодамна пресуди условна казна, денеска до Советот на јавни обвинители поднесе претставка против надлежната обвинителка во случајот.

Наташа Димитриевска вели во целиот случај има низа пропусти од страна на обвинителството.

„Обвинителката Снежана Бундалевска Ѓорѓиевска сторила тешка дисциплинска повреда со оглед дека намерно и неоправдано направила крупна професионална грешка со тоа што не ги набавила медицинските документи за загубата на мојот плод како резултат од случената сообраќајна незгода и него внела во диспозитивот на обвинението; Наредбите за вештачење не се целосни за утврдување на видот и карактерот на повредите; Не го товари обвинетиот за кривично дело неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода; Обвинетиот го товари дека делото го сторил од небрежност, а делото е сторено од умисла со оглед дека на местото на незгодата умислено презел дејствие на вртење во лево иако е забрането, има знак и две дупли линии“, истакна Димитриевск, која презентираше  дел од забелешките  во нејзиниот допис до Советот на јавни обвинители.

На почеток