Актуелно

Посебен сообраќаен режим утре и задутре поради посетата на словенечкиот претседател

На 25 и 26.09.2020 (петок и сабота), Министерството за внатрешни работи ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје, поради официјалната посета  на претседателот на Република Словенија, Н.Е. г. Борут Пахор на Република Северна Македонија.

Министерството за внатрешни работи апелира до сите граѓани – учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

На почеток