Скопје

Градот Скопје за прв пат добива подземна сообраќајница

Подземната сообраќајница која се гради паралелно со комплексот ќе биде долга 800 метри со двонасочен коловоз од 6 ленти. Станува збор за модерна подземна улица, налик на европските метрополи, која од двете страни ќе биде поврзана со кружни текови. Булеварот Македонија, односно Јужен булевар ќе биде дислоциран под земја, што во голема мера ќе го намали метежот во Скопје. Ваков проект е новитет за главниот град, бидејќи досега не се градени подземни сообраќајници.

Скопје ќе се развива рамномерно и плански следејќи ги потребите на граѓаните. Верувам дека многу скоро успешно ќе се справиме со предизвикот нашето Скопје да се издигне во една модерна европска метропола и престолнина на идната членка на НАТО и ЕУ – изјави Градоначалникот Шилегов.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток