Уште една воспитувачка од градинкaта „Коца Василева“ во Битола е позитивна на КОВИД-19, но овој случај не се поврзува со претходно заболена колешка од оваа градинка, потврдија од градинката за Телма.
Таа се заразила надвор од работното место, од незјниот сопруг.
Откако тој ги имал првите симтоми вопитувачката од четвртокот не одела на работа и самоизолирала. Тестирањето во саботата потврдило дека и таа и сопругот се позитивни на коронавирусот.