Актуелно

Димитриеска Кочоска: Третиот пакет на мерки се реализираше само 13%, затоа е потребен 4 пакет, кој е резултат на претходната неспособност и расипништво

Помпезно најавуваниот предизборен трет пакет на мерки во износ од 355 милиони евра заврши со реализација на 47 милиони евра односно не цели 13% реализација и тоа за предизборен поткуп на населението кое што владата многу сакаше да го помогне, за да 1 месец по избори го опустоши со растот на цената на електричната енергија кој што е висок трошок за секое македонско семејство, истакна Гордана Димитриеска Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Изостана поддршката на фирмите за вработените и токму 4 пакет на мерки е доказ дека истата не беше реализирана со третиот пакет мерки и доказ дека на оваа влада функциите и фотељите им беа поважни од спасување на македонската економија.

Правилното буџетско планирање се заснова на правилна оцена на состојбите во економијата, на правилна антиципација на идните движења и мерки кои нема да бидат ад хок мерки, туку мерки кои ќе имаат долготрајно и системско значење. Ако беше така немаше да ни требаат 4 пакети на мерки туку еден до два, ама вредни во обем и со навремена интервенција.

Потребна е реализација на мерки за спас на економијата а не гол популизам, зошто изборите завршија.

Треба да се направи реална анализа колку од 4 пакет мерки се наменети за стопанството и губењето на работни места.

Вчера видовме дека пензионерите со пензија до 15,000 денари ќе добијат картички во вредност од 9,000 денари еднократно. Откако пред три години го изменија законот за исплата на пензии и им скратија дел од нивната пензија која законски им следуваше и откако ја зголемија електричната енергија сега им предвидуваат мерка помош. Им помагаат на оние од кои повеќе  зедоа отколку што ќе им дадат?

Колку ќе помогнат на еден самохран родител со двајца ученици, кој едвај врзува крај со крај и сега треба да купи два компјутери а добива само 9,000 денари еднократна помош. Па барем да добиеја викенд без ДДВ ама навистина викенд без ДДВ можеби и ќе успееја нешто да направат.

За студентите ништо, ама баш ништо не направија особено за оние од ранливи категории кои сега треба да плаќаат и партиципација на факултетите.

Дали Владата размислува за граѓаните, оние 40.000 кои што ги изгубија работни места во јули и август а сега откако ги објавија мерките тие граѓани ќе имаат надеж, очекување дека некој ќе ги врати на работа. Што ќе се случи доколку работодавците сепак одлучат да не ги вратат. Губењето на работа не е детска игра. Тоа е нечија судбина, нечиј живот.

65 милиони евра ќе биле пласирани на стопанството од страна на комерцијалните банки за кои државата ќе гарантира со 10 милиони државна гаранција. А остатокот кај комерцијалните банки кој ќе го покрие? Кој ќе го преземе ризикот?

Ова значи дека повторно само оние компании кои до сега со банките имале кредитна историја ќе можат да ги користат овие поволности. За малите компании повторно ништо.

Почитувани, откако ги дадоа картичките како предизборен поткуп,  ја покачија струјата, зошто во економијата е јасно сметката некој треба да ја плати.  После ваков сет на мерки кој нема да влијае на подобрување на економијата ни останува да чекаме повторно повисоки сметки. Се поставува прашањето каде ќе имаме поскапувања?

Со оваа влада нема ништо добро за бизнисот и граѓаните, туку само за мафијата.

Македонија губи со мафијата на власт.

Мафијата, криминалот и владата кои се едно исто во Македонија мора да падне, истакна Гордана Димитриеска Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

На почеток