Македонија

Средба Филипче-Брнз: САД е наш стратешки партнер во јакнење на здравствениот систем

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче денеска оствари работна средба со амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, Кејт Мари Брнз, на која и се заблагодари за континуираната поддршка во унапредување на здравствената заштита и успешно справување со коронавирусот во нашата држава.
„САД сериозно придонесуваат во зајакнување на нашиот здравствен систем. Упативам посебна благодарност до амбасадорката Кејт Maри Брнз за несебичното залагање уште од почетокот на кризата, кога добивме огромна помош, прво во заштитна опрема, материјали, а понатаму и во медицинска опрема за Инфективната клиника, Институтот за јавно здравје, како и заштитна опрема специфична за Клиниката за гинекологија и акушерство“ -посочува по средбата министерот Филипче.
Со поддршка од Американската амбасада, Институтот за јавно здравје доби кабинет со биосигурност ниво 3, во вредност од 500 илјади американски долари, како и доопремување на ИЈЗ со тестови и центрифуга во вредност од 12 илјади американски долари, што ќе придонесе за зголемување на капацитетите за тестирање на Институтот за 10 до 15 отсто. Благодарение на целосното реновирање помогнато од амбасадата на САД, првпат во нашата земја имаме кабинет со биосигурност ниво 3. Ова претставува уште едно зајакнување и уште еден чекор напред во квалитетот на здравствената услуга и унапредување на технологијата на работа, согласно најсовремените стандарди.
На почеток на коронакризата, Амбасадата на САД донираше поголемо количество заштитна медицинска опрема (маски, одела и друга заштитна опрема), во вредност од над еден милион долари, наменета за лекарите, за епидемиолозите и останатите здравствени работници од Инфективната клиника и Институтот за  јавно здравје, кои се првата одбрана на земјата од епидемијата.
Исто така, со поддршка од Американската амбасада, во изминатиот период целосно е реновирана Клиниката за неврологија, изграден е и целосно нов блок во Психијатриската болница во Демир Хисар. Во тек се и градежните активности на Клиниката за максилофацијална хирургија, како и реконструкција на Клиниката за хематологија.
На почеток