Македонија

За Мијалков секој ден се подготвува оброк во Мериот

Сашо Мијалков во затворот во Шутка не јаде од истата храна како останатите притвореници. За него, секој ден се подготвува топол оброк во кујната на хотел Мериот – дознава 1ТВ. Мијалков го поседува овој хотел и беше приведен токму таму на 20 месецов. Како што дознаваме, за поранешниот шеф на УБК секој ден се подготвува оброк во Мериот и се носи во хашкото одделение во Шутка каде е сместен Мијалков. Тој само две вечери спиел во обичното притворско одделение, а потоа биле преместени други притвореници за да се ослободи простор во хашкото. Од хотелот Мериот љубезно ни одговорија дека ќе добиеме одговор на прашањето, но до овој момент се уште не го испратија. Директорот на затворот во Шутка Ѓоко Котевски ниту ја потврди, ниту ја одрече информацијата, само не упати прашањата поврзани со притворот да ги бараме од судот.

Мијалков не е единствениот чии гастрономски желби се исполнуваат за време на притворот. Според нашите извори во Шутка, и желбите на поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков биле почитувани. Во периодот кога јавноста мислеше дека Чавков штрајкува со глад, за него се носело маслиново масло и здрава храна во хашкото одделение. Претходно, сличен третман имаше и Љубе Бошковски кој добиваше оброци од ресторанот Рагуза.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток