Скопје

Затворен скопскиот локал во кој не се почитуваа протоколите за заштита од коронавирусот

Со гужви, играње и пеење вчера се одржа настап на српскиот пејач Владо Георгиев во познат угостителски објект во центарот на Скопје. Присутните не одржуваат дистанца, ниту пак носат маски. Наместо почитување на протоколите за заштита од коронавирусот, кои налагаат дека вакви настапи смеат да се одржуваат само доколку гостите седат на маса, присутните се туркале за да го снимат пејачот одблиску и видеото да го објават на социјалните мрежи. 

Локалот е затворен, но не поради непочитување на мерките во борбата против пандемијата, туку поради пречекорување на работното време.

Од Државниот инспекторат велат дека минатата недела против истиот локал била поднесена кривична пријава.

 

На почеток