Свет

Маж го испуштил летот, па се обидел да го запре авионот

Утрово колу 7 часот дошло до голем пропуст во безбедноста на аердромот во Даблин.

Маж успеал да помине низ терминалот и да искочи на авионската писта. Тој доцнел на летот и најпрво почнал да зборува со вработената на терминалот, а потоа почнал да тропа на прозористе со надеж дека пилотот ќе го забележи. Кога сфатил дека тоа нема да помогне, успеал да претрча низ терминалот, да искочи на пистата и почнал да трча по авионот.

Човекот успеал да стигне до авионот пред полицијата да го запре. Тој го молел пилотот да го почека, но полицијата го фатила и го уапсила.

Од управата на аеродромот велат дека патникот на летот доцнел 21 минута.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток