Свет

Невреме во Грција, затворени училишта и одложени летови

Силен ветер ја погоди денес Грција, па поради тоа властите беа приморани да зтворат многу училишта, траектите не сообраќаа, а летовите беа одложени.

Ветерот откорна дрво кое падна на далековод во северното предградие на Атина. Од противпожарната бригада велат дека примиле повеќе од 350 повици.

Властите на островите Закинтос, Тинос, Андрос и Миконос наредија училиштата да останат затворени. На островот Кефалонија училиштата се евакуирани поради шумскиот пожар кој го разгори силниот ветер.

Властите изјавија дека службите за помош ќе бидат постојано достапни и дека се очекува влошување на времето.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток