Како што е најавено, Русија во рок од две седмици ќе ја вооружи Сирија со S-300 и ќе почне да ја разбива навигацијата во источниот Медитеран.
Која е третата руска мерка, ако за Израел електронската војна е полоша од S-300? Тоа се две од три мерки кои ги најавил рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу во Москва во понеделникот, на 24. септември, како одговор на улогата на Израел во соборувањето на авионот IL-20 на 17. септември и смртта на 15 руски војници.
Сириските системи за надгледување на воздушниот простор ќе бидат значително подобрени и ќе гарантираат безбедност на руската војска на земјта. Но, најзначајната мерка која Шојгу ја најавил е дека Русија ќе врши електронско сузбивање на сателитската навигација на бродските радари и состави за врска со борбените авиони кои напаѓаат објекти на сириска територија и во подрачјата на Средоземното море кои се граничат со Сирија.
Рускиот министер нагласил дека Русија, ако овие мерки не ги оладат жешките глави, а очигледно на ум ги имал тие во Израел, “ќе мора да реагира во склад со развојот на ситуацијата”, што значи дека постои и трета мерка, но засега не е објавена.
За Израел, најважна мерка не е оружјето, ниту S-300 кои ќе ги добие Сирија, кои Москва не ги испорачала на Дамаск по молба на Израел. Воените експерти за израелскиот портал “DEBKA File” рекол дека најголемата казна е сузбивањето и потиснувањето на навигационите системи. Велат дека ова е прв пат една голема светска сила да најави радио-електронска војна на друга земја.
Одбивањето на израелската верзија за рушењето на “IL-20” и смртта на 15-те руски војници, за која Москва вели дека е обична лага, е всушност фрлање ракавица во лице на израелската војска, пишува “DEBKA File” и додава дека судирот е кренат на значително повисоко ниво.
До понеделникот Израел уште можел да се извлече од критичниот судир со Москва, но сега е предоцна. Шојгу ја затворил вратата за мирен излез од ситуацијата, тврдат израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и началникот на Генералштабот Гади Еизенкот.
“Сепак, и покрај зголемениот ризик од судир со Русија, Израел уште не може да се откаже од мисијата против Иранците и нивните марионети во Сирија, бидејќи повлекување пред Иран и Хезболах за Израел би било понижување. Меѓутоа, во иднина израелските сили ќе мора да бидат повнимателни и подобро да ги бираат своите цели”, порачал воениот и политичкиот врв во Тел Авив.
Израел го прифаќа предизвикот на Москва за радио-електронска војна, бидејќи во претходните судири Израел наводно бил подобар, пишува “DEBKA File”. Меѓутоа, тука се зборува за 1982. година, кога израелското воено воздухопловство го уништило советскиот систем за противвоздушна одбрана, кој тогаш бил поставен во либанската долина Бека.
Тогаш станувало збор за стар советски систем за електронско војување. Од тогаш руските експерти за електронско војување многу напредувале. Израел верува дека на Русија уште ќе и биде тешко да се носи со израелските достигнувања, а на другата страна признаваат дека објавата на радио-електронска војна за израелската војска е полоша од системот S-300, кој ќе го добие сириската одбрана.
“DEBKA File” признава дека ситуацијата сега се разликува од епизодата во 1982. година. Имено, денешните руски системи можат да ги надминат можностите на израелското воено воздухопловство и морнарицата.Израелската војска нема искуство во работа со такво ниво на радио-електронска борба. Израел тука можеби ќе мора да бара помош од САД. За тоа сега расправаат американскиот претседател Доналд Трамп и Нетанјаху на маргините на Генералното собрание на Обединетите Нации.
Во меѓувреме доаѓа и вест дека Русија во Сирија веќе пратила системи за електронско војување. Првите во руската база Хмејмим биле испорачани во понеделникот, на 24. септември. Според уредникот на воениот портал, тоа се веројатно системите “Красуха-4”, дизајнирани за борба против авиони. Освен тоа, базата Хмејмим би можела да биде опремена со најсовремен систем “Дивноморје”, кој може да спречи радарски сигнали на бродови, како и сателитски комуникации и управувачки и навигациони системи.