Кензо Такада, основачот на брендот Kenzo, почина од компликации од корона вирусот. 81-годишниот jапонски дизајнер денеска (04.10) ја изгуби битката во болница во Франција.
Модниот дизајнер Фелипе Оливеира Баптиста, сегашен креативен директор на Kenzo, му оддаде последна почит:
Со огромна тага дознав за починувањето на Кензо Такада. Неговата неверојатна енергија, добрина, талент и насмевка беа заразни. Неговиот добар дух ќе живее засекогаш.
https://www.instagram.com/p/CF7ZFYGpBg_/