Тим лекари од Белата куќа денеска одржаа прес-конференција за да известат за здравствената состојба на американскиот претседател Доналд Трамп.
Велат дека денеска е подобар, но досега на двапати имал пад на нивото на кислород.
„Како што е случај со сите болести, и кај Трамп има подеми и падови. Сепак, состојбата се подобрува и покрај падовите“, рече докторот на Трамп, Шон Конли.
Друг член на тимот посочи дека Трамп не се жали на респираторни проблеми.
„Тој прими нова доза на Ремдесивир, без несакани ефекти. Трамп ја прими и првата доза на Дексаметазон вчера”, рекоа лекарите.
Тие додадоа дека Трамп денес се движи и се чувствува добро.