Македонија

Се зголемува цената на бензините и на дизелот

Од вечерва на полноќ малопродажните цени „евросупер БС-95“, „евросупер БС-98“, „евродизел“ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат 0,50 денари/литар.

Од 14.10.2020 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин „евросупер БС-95“ –  59,50 (денари/литар)
Моторен бензин „евросупер БС-98“ – 61,50 (денар/литар)
Дизел-гориво „евродизел БС“ (Д-Е V) – 50,50 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 50,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 26,863 (денари/килограм)

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,895 денари/кг и ќе изнесува 26,863 денари/кг.

На почеток