Македонија

И пратеничка Поцкова позитивна на ковид-19

Пратеничката од опозициската ВМРО-ДПМНЕ Јадранка Поцкова, е позитивна на коронавирус, потврдија за МКД.мк од партијата. Во моментов тројца пратеници во Собранието на Македонија се позитивни  на вирусот. ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека Собранието не треба да премине на онлајн работа.

Засега тројца пратеници се позитивни на корона вирусот. Покрај Поцкова, која како пратеник доаѓа од Струмица, болен е пратеникот од ДУИ Исмаил Јахоски, кој е примен на лекување во Инфективната клиника во Скопје, а позитивен на вирусот е и пратеникот од СДСМ Лазе Таневски, кој самоиницијативно се тестирал поради намерата да патува во странство. За себе, преку фесјбук, напиша дека нема симптоми, а дека негативни се членовите на неговото семејство.

На почеток