Како што информираше Филиповска-Грашкоска, при овие контроли поднесени се 23 прекршочни пријави, 19 кривични пријави за непочитување на ковид протоколите (свадби, дозволен број на маси, дозволено растојание) и изречени се 5 решенија за други прекршоци.
Државен здравствен и санитарен инспекторат во истиот период извршил 126 надзори по однос на здравствените протоколи и по претставки и издал 3.929 решенија за изолација и домашно лекување на лица позитивни на ковид-19 и лица кои биле во контакт со заболени.
Филиповска-Грашкоска, одговорајќи на новинарско прашање за тоа дали родителите на деца кои се позитивни на ковид-19 добиваат решенија за изолација, рече дека медицинските лица кои ги спроведуваат епидемиолошкие анекти утврдуваат дали лицето кое има контакт со заболен од ковид-19 е од низок, среден или висок ризик и дали ќе добие решение за изолација.
„Дојдени се информации дека има одредени број лица заболени во училишта. Имаме подоаток во училишта за четири лица кои се позитивни и 59 контакти кои се ставени во изолација. За тоа кој ќе оди во изолација е оставено на одлука на медицинските лица кои ги спроведуваат анкетите. Зошто и колку од лицата се ставени во изолација, тоа е врз основа на спроведените анкети и дека одредени лица кои се во среден и восок ризик се во изолација, а оние со низок ризик не се ставаат во изолација“, рече Филиповска-Грашкоска, упатувајќи на подетелен одговор од Санитарниот инспекторат.
Државниот инспекторат за труд, во истиот период спровел 409 надзори во правни субјекти на територијата на целата држава со фокус на почитување на протоколите во насока на заштита на здравјето на вработените. При овие надзори трудовите инспектори донеле 17 решенија кои се однесуваат на утврдени неправилности од областа на работните односи.
Во истиот период Инспекторат за транспорт извршил 48 надзори, при што изречени се 2 кривични пријави за непочитување на здравствениот протокол за меѓународен превоз на патници на граничниот премин Деве Баир, како и 4 прекршочни пријави, 5 решенија и 9 платни налози по основ на прекршување на материјалните закони (Закон за превоз во патен сообраќај, Закон за време на мобилните работници и Законот за превоз на опасни материјали).
Во истиот период, МАЛМЕД има спроведено 60 надзори во аптеки по основ почитување на мерките на Владата на РСМ и издавањето на антибиотици, при што не се констатирани прекршувања на законските одредби и отстапувања од протоколите.
Агенцијата за храна и ветеринарство, во периодот од 5 до 11 октомври извршила 287 надзори, при што се издадени 5 решенија , 2 платни налози и 40 едукации за неизвршени здравствени прегледи, неводење на записи за хигиена, неспроведување на општи хигиенски мерки.