Македонија

Ќерката на Амди Бајрам: Амди им помогна на сите, Амди беше другар со сите!

Да откорнеш гранка од едно дрво многу боли, да искинеш лист од гранката може повторно да расте. Да го снема дрвото, дури тогаш се чувствува празнина. Едноставно го нема, а толку често го имаше, секогаш беше тука, што просто да не ти се верува дека повеќе го нема, напиша Валентина Бајрам на Фејсбук, ќерката на починатиот експратеник Амди Бајрам.

„Семејството Бајрам изгуби сопруг, татко, родител, дедо. Ромската нација го загуби својот татко, загуби борец, загуби патриот. Амди Бајрам им помогна на сите! Амди Бајрам беше другар со сите! Соработник, пријател, партнер и народен човек! Ги повикуваме сите кои го почитуваат ликот и делото на Амди Бајрам! Ги повикуваме сите на кои им помогна, роднини, пријатели, политичари, бизнисмени, организации и сите Роми и не-Роми, за последен пат да го испратиме до вечниот дом, затоа што заслужува, затоа што беше голем Ром и пред се голем човек“, напиша Валентина Бајрам.

На почеток