Свет

Бојко Борисов позитивен на коронавирус, имам општа слабост вели Бугарскиот премиер

Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов позитивен на КОВИД 19. Ова самиот го објави со статус на Фејсбук.

„Имам општа слабост, во моментот, по укажување на лекарите, останувам на домашно лекување. Иако официјално е укинат мојот карантин, во петокот ги одложив сите состаноци и јавни настани за наредните денови. По два PCR-теста од денес сум позитивен на COVID-19. Во принцип, имам општа слабост и лошо се чуствувам, во моментот, и по совет на лекарите, останувам на домашно лекување. Сите контакти со мене се доставени до РЗИ. Сигурен сум дека следејќи ги мерките, ќе се справиме заедно, додаде Борисов.

Тој и уште три министри од неговата влада беа во самоизолација, откако биле во контакт со заменик министерот на градежништво Николај Нанков, кој беше позитивен на коронавирусот.

На почеток