Македонија

Ќе доцни исплатата на повратот од „Викенд без ДДВ“

Ќе доцни ли повратот од викендот без ДДВ. Mерката „Викенд без ДДВ“, беше спроведена  од 9-ти до 11-ти октомври, а најавите за исплата на средствата од ова мерка требаше да се исплатат во рок од 15 дена од денот на скенираните сметки.

Иако поминаа повеќе од 15 дена од последниот ден од скенирање на сметки, граѓаните сеуште немаат никакви средства.

Oд Управата ја јавни приходи се огласија со соопштение каде посочуваат  дека Собранието прво треба да го усвои ребалансот на Буџетот за 2020, а веднаш потоа на сметките на граѓаните ќе им биде исплатенповратот на данокот од „Викенд без ДДВ“

За долго најавуваниот „Викенд без ДДВ“ иако очекуваше граѓаните да потрошат околу 170 милиони евра, беа потрошени едвај 10 милиони евра.

Кај потрошувачите пак од поврат наместо првично предвидените 17 милиони ќе завршат 1 милион евра.

 

На почеток