Македонија

Почина еден од основачите на навивачката група „Комити“, Горан Костадиновски – Гокси

Комити денеска се збогуваа со еден од своите најзначајни членови во навивачката група, Горан Костадиновски – Гокси по долго боледување утринава почина на 51-годишна возраст. Комитите на својот официјален ФБ профил се збогуваа од Костадиновски.

-Со неверување ја примаме веста дека згасна животот на една легенда од Западната трибина и воопшто Македонската спортска и навивачка сцена.
Учествуваше во основањето, во огромна мера развојот на навивачката група и изградбата на имиџот и препознатливоста на името Комити.
Ќе паметиме многу негови дела, идеи, рачно изработувани знамиња, стихови, песни, кореографии, пароли, текстови…најмногу ќе ја паметиме неговата голема љубов и СТРАСТ за нашиот Вардар. Ќе го паметиме и по Градски Парк…
Ќе го паметиме како голем другар, како лик кој поврза многу генерации, како инстутуција на Западната трибина од која учевме и многу научивме.
Ќе паметиме дека своевремено беше дел и од структурите на Фудбалскиот Клуб Вардар.
Комитски небесен Копу, прими ја оваа легенда со највисоки почести. Нека биде таму до вас и нека чува место за сите ние кои некогаш ќе се приклучиме за и од небесата ги исполнуваме заедничките завети.
Сочуство до семејството и најблиските, бидете горди дека израснавте еден голем човек, голем Комита кој Западот нема никогаш да го заборави !
Горан Костадиновски – Гого (23.08.1969 – 28.10.2020)
На почеток