Македонија

6 години затвор за Тони Јакимовски, шефот на кабинетот на Мијалков за предметот „Специјална каса“

Објавена пресудата за обвинетите во предметот „Специјална каса“. Поранешниот шеф на кабинет на Сашо Мијалков и екс началник во УБК Тони Јакимовски е осуден на шест годишна казна затвор за проневера на пари од посебната каса во УБК. Неговиот колега од службата доби четири годишна затворска казна.

Во овој случај кој се однесува за проневера на пари од посебната каса во УБК, лани на почеткот на судењето вина за сторени злоупотреби призна вработениот во тајната полиција Петре Пешовски. Судијата Владмир Туфегџиќ при соопштувањето на пресудата кажа дека судот утврдил дека од 2007 до 2017 година обвинетите подигале пари од касата, а потоа ја уништиле документацијата за исплата без притоа да добијат одобрение од директорот на управата и без да е формирана комисија за ништење на матерјали. Според процените биле злоупотребени околу 820 000 евра.

Осудените сега имаат право на жалба пред Апелациониот суд. На првото рочиште од овој процес, вина призна првообвинетиот службеник во УБК, кој доби три години затвор.

На почеток