Актуелно

Георгиески: Подготвен сум да го ставам на располагање својот професионален капацитет и знаење за помош на колегите од јавното здравство

Ја поздравувам и ја поддржувам иницијатавата за вклучување на докторите интернисти од приватните здравствени организации за помош и поддршка на здравствениот систем во борбата со КОВИД 19, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Тој во својата објава додава:

На денешниот он-лајн состанок со колегите и членовите на Лекарската комора на Република Северна Македонија заклучивме дека согласно препораките и одлуките на здравствените власти треба да излеземе во пресрет на здравствениот систем за полесно надминување на кризата.

Подготвен сум да го ставам на располагање својот професионален капацитет и знаење за помош на колегите од јавното здравство. Сметам дека се работи за сериозни кризни моменти како во нашата држава така и во целиот свет и секој придонес е важен.

Уште еднаш апелирам до сите граѓани да ги почитуваат сите мерки за заштита и превенција од КОВИД 19. Да се носат заштитни маски, да се одржува потребна дистанца и лична хигиена.

На почеток