Македонија

Момче позитивно на КОВИД 19 предизвикало инцидент, нападнал болничар, затоа што не го пуштил без маска

Момче и неговата мајка двајцата позитивни на КОВИД 19, вчера попладне предизвикале инцидент во модуларната Ковид амбуланта на Пулмологија.

Двајцата без маски сакале да влезат во амбулантата и кога биле опоменати да не влегуваат без маски и двајцата во исто време заради ковид протоколот момчето почнало да вика и да се заканува и на крај го нападнал болничарот.

Откако си заминале тој повторно се вратил но овој пат со група другари со возила без регистарски таблици влегле во амбулантата и го нападнале болничарот. Кога дошла полиција тие се тепале и со полицајците и се е снимено на безбедносните камери велат за Либертас од Клиниката за пулмологија.

Текстот во целост на:  Либертас

На почеток