Македонија

Филипче: На располагање ќе бидат капацитетите ставени сите приватни клиники, болници и кадарот во нив

Поради зголемениот број на новозаразени со Ковид-19, во комплетната функција на државата се ставаат и приватните клиники.

„На располагање ќе бидат капацитетите на сите приватни клиники, болници и кадарот во нив. И многу брзо ќе направиме план за работа денес по предлогот за кризна состојба, со оглед на тоа дека ова е првпат да се воведе ваква состојба во оваа држава“, истакна министерот за здравство, Венко Филипче по завршувањето на седницата на Советот на безбедност.

„За сите услуги кои приватните здравствени установи ќе ги даваат ќе има компензирање. Не се работи за национализација, туку државата ќе се јави во улога на менаџер“, истакна претседателот Стево Пендаровски.

Државата ќе покрие 30 проценти од пазарната вредност на трошоците за лекувањето во приватните клиники.

На почеток