Македонија

Филипче: Полицискиот час не би имал никаков ефект

По денешниот состанок на Советот за безбедност, на кој е донесена препорака за прогласување на кризна состојба, на новинарско прашање зошто не се воведува полициски час министерот за здравство Венко Филипче истакна дека таквата рестрикција не би имала никаков ефект.

„Рестрикција во движењето, во смисла на полициски час сега сметаме дека нема да има никаков ефект. Заради тоа што тоа што треба да се превенира се групирањата и тоа што задолжително треба да се прави е да се носат маските и на отворено и во затворено. Тоа се основните принципи за превенција на ширење на вирусот“, рече Филипче.

На почеток