Референдумот в недела е историска, животна шанса на нашата генерација, преку која ја обезбедуваме нашата иднина, изјави Александар Кирацовски, пратеник и дел од коалицијата „За европска Македонија“.
„В недела не се седи дома. В недела избираме помеѓу за или против. Дали ќе одиме напред или ќе се вратиме назад. Дали ќе одбереме светлина или темнина, иднина или изолација. Избираме помеѓу европска Македонија или Македонија од која младите ќе се иселуваат во некоја друга европска држава“, рече тој.
Според Кирацовски, изборот го прават тие што ќе излезат да гласаат.
„Нивниот избор пред гласачката кутија, ќе ја одлучи иднината на Македонија и на сите граѓани што живеат во неа. Почитуван граѓанину, што и да направиш в недела ќе влијае трајно врз иднината на твојот живот и врз иднината на државата, трајно ќе влијае врз иднината на твоите деца, на нашите деца“, рече Кирацовски.