Свет

Србија возврати, го протерува Тарзан Милошевиќ, црногорскиот амбасадор во Белград

Министерството за надворешни работи од Србија соопштува дека денеска го прогласи Црногорскиот амбасадор во Србија, Тарзан Милошевиќ за персона нон грата, објави Танјуг.

„Поради прогласувањето на Српскиот амбасадор во Црна Гора, Владимир Божовиќ за персона нон грата, министерството за надворешни работи на Србија постапува на реципрочен начин, се неведува во соопштението од министерството.

Во нотата во која Танјуг имал увид, се наведува дека врз основа на член 9. од Виенската конвенција за дипломатски односи, амбасадорот Милошевиќ се прогласува за персона нон грата.

„Амбасадорот Милошевиќ е должен во наредните 72 часа да ја напушти територијата на Република Србија“, се наведува во нотата.

На почеток