fbpx
сре. Јан 20th, 2021

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Заменикот градоначалник на Град Скопје почина од КОВИД 19

Енвер Малиќи, заменикот градоначалник на Град Скопје, починал денеска во болницата „Систина“, откако беше хоспитализиран поради низа здравствени проблеми, а беше заразен и од коронавирусот.

Петре Шилегов, градоначалникот на Скопје, го назначи Енвер Малиќи за негов заменик пред три гоидни, во 2017 година.

Малиќи на последмите локални избори беше избран како советник на град Скопје од листата на ДУИ. Тој беше управител на компанијата „Гемак трејд“ и сопственик на хотелот „Парк спа“ на кејот на Вардар во Скопје.