Свет

Почина Џеј Рамадановски

Легендарниот фолк-интерпретатор Џеј Рамадановски почина денеска на 56-годишна возраст од срцев удар, јавуваат српските медиуми.

Џеј неодамна во едно интервју изјави дека е во строг карантин поради здравствените проблеми кои ги има и дека коронавирусот би бил погубен за него.

Рамадановски својата популарност ја стекнал кон крајот на 80-тите години на 20 век, главно на просториите на Југославија и Србија. Прв забележителен настап има на меѓународниот саем на музика МЕСАМ 1987 година кога го освојува второто место на жирито и истовремено трета награда на публиката. Врвот на популарноста го достигнува во почетокот на 90-тите години кога ги снима своите најпопуларни албуми, истовремено со контронтроверзни националистични текстови за време на војната во поранешна Југославија.

Со својата поранешна сопруга Нада има две ќерки Ана и Марија.

На почеток