Магазин

На 21 декември „Божиќната ѕвезда“ ќе го осветли небото, феномен кој последен пат се случил во средниот век

Двете најголеми планети во нашиот Сончев систем се на пат да се „судрат“ во исклучително редок феномен, кој што не е виден од средниот век. Јупитер и Сатурн ќе се приближат толку на 21 декември што ќе изгледаат како двојна планета, а потоа небото ќе го осветлува Божиќната или Витлеемската ѕвезда.

Овој неверојатен феномен ќе изгледа како една супер светлосна точка на Земјата.

„Усогласувањето помеѓу овие две планети е прилично ретко, се случува еднаш на секои 20 години, но оваа врска е исклучително ретка поради тоа колку планетите ќе изгледаат блиску една до друга, изјави за Форбс, Патрик Хартиган, астроном од Универзитетот Рајс, додавајќи дека би морале да се вратите во зората на 4 март 1.226 година за да го видите усогласувањето помеѓу овие објекти видливи на ноќното небо.

Ѕвездата која што ги донесе трите кралеви до Исус

Многумина теоретизираат дека легендарната ѕвезда во библиската приказна за тројцата мудреци кои дошле да го посетат Исус по раѓањето и дека тоа би можело да биде ретката конјукција на Јупитер, Сатурн и Венера.

Оваа неверојатна појава во историјата, позната како „Божиќна ѕвезда“ или ‘‘Ѕвездата на Витлеем“ според Евангелието по Матеј (Матеј, 2, 1-12) е ѕвездата што ги донесе трите Свети кралеви во Витлеем, каде што се роди Исус.

Овој феномен ќе може да го види цел свет

Ретката појава, инаку позната како „Божиќна Sвезда“ не е видена веќе 800 години. Според Форбс, оваа појава нема да се случи дури во 2080-та година, а потоа по 2400-тата година. Целиот свет ќе има можност да види и да фотографира.

Извор: ВЕЧЕР.ПРЕСС

фото: ThoughtCo

На почеток