Свет

Во Бугарија „24 мај“ стана ден на бугарската азбука

Бугарскиот парламент го преименува 24 Мај.Со измените на Законот за работни односи, во текот на вчерашниот ден, кои добија поддршка од ГЕРБ на премиерот Бојко Борисов, како и од „Обединети патриоти“, празникот од Ден на бугарското образование, култура и словенско писмо се преименува во Ден на светите браќа Кирил и Методиј, за бугарската азбука, образование и култура и за словенската литература.

Предлогот беше на партијата предводена од Красимир Каракачанов, ВМРО-БНД, а поддршка доби и од коалицискиот партнер ГЕРБ.

Против идејата се изјаснија опозиционерите од БСП.

На почеток