Македонија

Мандиќ: Башановиќ ургираше кај Заев да не одам во протвор, Заев му рече „Ќе видам што можам да направам“

Јасна Мандиќ, обвинета во „Меѓународен сојуз“ на денешното судско рочиште на кое обвинителството читаше вибер-комуникација од нејзиниот телефон, за една од нив кажа дека не е нејзина, туку препратена комуникација од премиерот Зоран Заев и од поранешниот негов советник Зоран Башановиќ, кој наводно брка врски за неа да не оди во притвор.

Обвинителката Милица Гаврилова немаше коментар.

Во вибер-комуникацијата, Башановиќ му вика на Заев да види ако може Јасна да не оди во притвор, а Заев му вели: „Знаеш дека тоа зависи од обвинителството и од судот. Ќе видам што можам да направам”.

Мандиќ доби куќен притвор, а обвинителката Вилма Русковска тогаш појасни дека ваквата мерка за Мандиќ е поради тоа дека има дете со здравствени проблеми.

Обвинителката Вилма Русковска тогаш појасни дека ваквата мерка за Мандиќ е поради тоа дека има дете со здравствени проблеми.

За случајот со невладината организација Меѓународниот сојуз, основана од Бојан Јовановски-Боки 13, преку која според обвинението биле измамени бизнисмени за наводни центри за возрасни лица, обвинети се и Фросина Ременски, Миле Јовановски, таткото на Боки 13 и Јасна Мандиќ-Ерцеговиќ.

 

На почеток