Безживотно тело на маж, попладнево и е извадено од водите на Вардар на излезот од гостиварското село Чегране. Според последните информации сè уште не е познат идентитетот на жртвата.
Во меѓувреме, местото го обезбедуваат полициски службеници и се врши увид на во близина на мостот, каде е забележано безживотното тело и се работи на утврдување на причините за смртта.
СВР Тетово работи на расветлување на настанот, а повикан бил јавен обвинител.
Се очекува да биде наредена обдукција по што ќе се зае идентитетот на починатиот и причините за смртта.
извор: МИА