Македонија

Расчистени седум тешки кражби во Горнореканскиот регион

СВР Тетово-ОВР Гостивар денеска (31 декември) до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против Б.М.(18) од село Сенце, гостиварско и Љ.Д.(23) од Кичево, поради основи на сомнение дека сториле кривично дело “тешка кражба”, согласно член 236 од Кривичниот законик.Првопријавениот се сомничи дека во текот на оваа година насилно провалил во шест куќи во селото Сенце, а Љ.Д се сомничи дека бил инволвиран во една тешка кражба во Сенце, при што одзеле огнено оружје и други предмети и апарати. Одземеното е пронајдено кај пријавените и вратено им е на сопствениците.

На почеток