Тинејџер нападнал полицаец во скопската населба Кисела Вода, откако тие му побарале лична карта за легитимација.
Откако одбил да покаже легитимација, тој почнал да се однесува агресивно и физички да се пресметува со еден од службениците. Од МВР велат дека 18-годишникот е приведен во полициска станица.
„Полициски службеници го лишиле од слобода М.Н.(18) , од Скопје, кој при легитимирање поради агресивно однесување кон едно лице, почнал агресивно да се однесува и кон полициските службеници и физички нападнал еден од нив, оштетувајќи го стаклото од влезната врата на станбена зграда“, велат од МВР.
Против него ќе биде поднесена и пријава откако ќе биде документиран случајот.