Министерот за здравство, Венко Филипче новогодишната ноќ ја поминува во операциона сала.
„Ова е дежурниот тим за новогодишната ноќ на Клиниката за неврохирургија. Секогаш е задоволтво да работиш со млади колеги. Вечерва тие ми асистираа во операција на тумор на мозок. Операцијата успешно ја завршивме, на пациентот му посакувам добро здравје и што побрзо опоравување. На моите колеги мирна ноќ. Среќна нова година!“, напиша Венко Филипче на Фејсбук.