Осум млади лица се угушиле со плин на новогодишната ноќ, во близина на Пошсушје во Босна и Херцеговина.
Од полицијата потврдуваат дека загинале осум млади лица. Несреќата се случила во местото Трибистово.
Порталот на Федералната телевизија објавува дека во викендичката имало 10 лица и дека две преживеале, но дека се во тешка состојба.
Увидот е во тек.
Неофицијално младите лица се угушиле од агрегаатот кој ја напојувал куќата со електрична енергија, објави Индекс.