Маестро Зоран Џорлев, познатиот виолинист и музичар денеска почина. Тажната вест на својот Фејсбук профил ја објави неговиот внук, пејачот Огнен Здравковски.
Огнен стави црна позадина како профилна фотографија, и пријатели почнаа да му изјавуваат сочувство.
За Женски магазин, Огнен ја потврди веста за загубата на вујкото.
„Вујко ми си замина. Беше болен од Ковид-19, беше во болница, беше подобар, се надевавме на подобро, но денес нè напушти. Му се откачи тромб“, истакнал Огнен низ солзи за Женски магазин.