Македонија

МНР потврди: Македонска дипломатка најдена мртва во стан во Њујорк

Од министерството за надворешни работи потврдија за смртта на македонската дипломатка на мисијата при ОН која се случила за време на новогодишната ноќ на Менхетен во Њујорк.

„Од Постојаната мисија на Република Северна Македонија при ОН во Њујорк пристигна жална вест која нѐ потресе сите, за трагично загубен животот на член на нашата мисија, дипломат од кариера во Министерството за надворешни работи. Во оваа прилика сакаме да изразиме длабоко сочувство до семејство и најблиските, и во име на сите колеги од Министерството за надворешни работи кои изгубија близок пријател и долгогодишен вреден и посветен претставник на дипломатијата“, соопштија од МНР.

Дипломатката била пронајдена со ремен околу вратот и со шишиња антидепресиви.

 

На почеток