Филипче објави на Фејсбук фотографии од заедничкото дефиле на Беласица со Заев и неговиот син Душко.
Времето кое го поминуваме со децата е најважно. Работните обврски си го прават своето, но секогаш се трудиме и наоѓаме време за нашите синови Иво и Душко.
Денеска денот е за дружење со децата. Бесценети мигови со нив, на убавата Беласица, напиша Филипче.