Патнички авион се урна во океанот откако не ја погодил пистата на малиот остров Вено во северозападниот дел на Папуа Нова Гвинеја.
Авионот на Air Niugini кој летал од Микронезија кон Папуа Нова Гвинеја, не успеала да слета на пистата и слетал во водата, објавија локалните власти, цитирани од “Дејли Меил”. Чудно, ама преживеале сите 36 патници и 11члениот екипаж .
Боингот 737 а бил целосно потопен под вода а само еден човек бил повреден. Локалните жители веднаш стигнале со своите чамци за да им помогнат и да ги извлечат патниците што го напуштиле авионот . Менаџер на аеродромот објаснил на медиумите дека авионот беше надвор од патеката за околу 160 метри. Сите во авионот биле однесени во болници каде што биле испитани, но немало сериозно повредени. Засега причината за несреќата не е јасна.