Македонија

Мијалков тврди дека во 9 години од службениот компјутер се приклучил само неколку пати, зошто некогашното СЈО не го провери тоа?

Исказот на екс шефот на Управата за контраразузнавање Сашо Мијалков на вчерашното судење за случајот “Таргет-Тврдина” е земен како апсолутна вистина од страна на судот, обвинителството и најголемиот дел од медиумите и општата јавност.  24 часа по изјавата на Мијалков никој не му противречи и не го преиспитува неговото тврдење дека во службениот компјутер на МВР тој се приклучил само неколку пати во 9 години за да пребарува на интернет но не и за прислушување, објави expres.mk. 

Доколку предходно СЈО а сега обвинителството ја завршило својата домашна задача сега ќе немаше дилема дали Мијалков ја зборува вистината.

Товарот на оваа дилема сега го носи обвинителката Ленче Ристовска која е главниот лик во случајот на обвинителство против екс шефот на УБК.

Доколку предходно Ристовска и нејзините колеги направиле вештачење на компјутерот на Мијалков но и на сите други кои се инволвирани во прислушувањето сега многу работи ќе беа појасни.

Текстот во целост на:expres.mk. 

На почеток