Македонија

91-годишна жена од Кичево остана на улица, луѓето кои ветиле дека ќе се грижат за неа и зеле се

Сама и без услови за живот, без деца и семејство. Ова е 91 годишната Нафије Салиу која живее во Кичево. Нејзиниот сопруг починал пред неколку години, а и оставил куќа во градот и имот во селото Туин. На Нафије по смртта на сопругот во 2013 и се понудило едно семејство со изговор дека ќе се грижат за неа доколку таа им ја даде куќата и земјиштето кое го поседува. Среќна дека нема да го помине остатокот од животот сама и без грижа, прифатила да им даде се што поседува, објави  tv21.tv. 

Но нештата добија друг правец бидејќи Нафије останала без куќа и без грижа бидејќи, како што вели таа, откако им го дала целото богатство за подобар живот, останала без куќа и без ветената грижа. Живее сама и во мизерни услови, а за нејзе се грижат неколку соседи.

„Куќата е моја, тој ми кажа дека ќе ми ја земе и ми ја зема. Му реков немој, ми рече што ти треба тебе. Ме оставија сама. Немам ни син, ни ќерка, ни сестра, ни брат, тројца браќа ми починаа, гледате дека сама сум“, вели Нафије Салиу.

91 годишната госпоѓа се чувствува измамена бидејќи лицето и го земале богатството, а не се грижат за неа како што ветил.

Текстот во целост на:  tv21.tv. 

На почеток