Македонија

Претседателката на ДКСК го критикуваше трансферот на административците вработени по Рамковен

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска во гостување на „Утрински брифинг“ го критикуваше трансферот на административците вработени по Рамковен договор.

Претседателката рече дека ДКСК добила осум вработени, кои се планирани за места на помлади соработници, но антикорупциската комисија вели, планирала да вработи виши советници. Ако сакаме здрав систем треба да ставиме здрави темели, вели Ивановска.

-Не се земаат во предвид потребите. Груби вели дека ги земале во предвид  систематизацијата и плановите за вработување. Ние таму сме кажале дека ќе имаме осум нови вработувања и тие ни даваат осум по Рамковен. И што значи тоа? Ние ќе ја менуваме систематизацијата, вели Ивановска  меѓу другото во гостување на „Утрински брифинг“ .

На почеток