Во вчерашната емисија на „Само Вистина“ на Канал 5 за пописот ги спротиставија своите мислења и ставови претседателката на Глас за Македонија, Солза Грчева и министерот за локална самоуправа, Горан Милевски.
Но Грчева и Милески не само што ги изнесоа своите ставоги, туку истите ги пренесоа преку жестока дебата, кавга, и навредливи зборови.
– Попис ни е потребен, таквата операција е нужна, но не сум за шверцерски работи и брзање во време на пандемија. Немам намера да отворам врата никому, дури во вакви услови ни на своите деца не им отворам. Исто така е сомнителен настапот на некои албански политичари кои лицитираат со бројки. Па што мислат со тоа дека нема да го признаат пописот доколку испаднат Aлбанци помалку од 20 или 25 посто! – рече Грчева.
Милевски пак кажа дека Македонија е единствената земја во која не е спроведен попис повеќе од 20 години, а доколку сакаме да бидеме дел од Европската унија, мораме да ја реализираме оваа статистичка операција.
Дебатата прерасна лична пресметка, откако Милевски ја праша Грчева дали земала апанажа по завршувањето на пратеничкиот мандат, таа реагираше жестоко. Одговори дека не е корупција да се земе апанажа, а потоа упади навреда кон Милевски дека тој е неписмен човек.