Ми претставува огромна чест што нашите заложби како локална и централна власт во делот на исполнување на препораките на УНЕСКО и зачувување на природното и културното наследство на Охридскиот регион, добија силна поддршка од амбасадорот на ЕУ во Република Северна Македонија, Дејвид Гир.
Природното и културното наследство имаат универазална вредност за сите нас и ќе вложиме максимални напори за негова заштита со цел да го сочуваме за идните генерации, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.