Свет

Во Србија 10 годишно момче се обеси поради предизвик на Тик Ток

Десетгодишно момче вчера било пронајдено мртво во стан во Раковица, соседна Србија.  Српските медиуми објавуваат дека детето случајно се обесилo додека играло игра на Тик-ток.

За жал, тој не е прва жртва на оваа игра, бидејќи пред неколку дена во Италија почина девојче на иста возраст, која се задушила играјќи ја токму оваа игра.

Несреќното момче е пронајдено обесено на кревет, а девојчето од Палермо е пронајдено во бањата со појас околу вратот врзан за радијатор и мобилен телефон во раката.

Според неофицијални информации, момчето било оставено самo во станот, додека неговите родители биле во продавница.

Светските медиуми апелираат да се пријави секое споделување на Blackout Challenge.

Фото: Time Magazine

 

На почеток