Свет

(ВИДЕО) Во Белград откриен грандиозен споменик на српскиот средновековен владетел Стефан Немања

Вечерва, во Белград беше откриен грандиозен споменик на српскиот средновековен владетел Стефан Немања. На настанот присуствуваа претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и претседателот на Република Српска, Милорад Додик.

На насобраните луѓе им се обратија и Вучиќ и Додик.

Српскиот претседател рече: „Се трудевме да ја обновиме Србија, но и да ја вратиме вербата во себе“.

„Местото на кое стојам некогаш беше срам за сите, а вечерва сум среќен затоа што тука каде што стојам, на улицата Немањина, се наоѓа храмот на свети Сава. Успеавме да го осликаме, а така ќе го обновиме и Хиландар и цела Србија. Успеавме економски да ја обновиме земјата и национално да ја воздигнеме“, истакна Вучиќ.

 

фото: Kurir

 

На почеток